ВМРО-ДПМНЕ го достави барањето за распуштање на собранието и за оставка на премиерот Заев

Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што најави во неделата нејзиниот челник Христијан Мицкоски, во понеделникот го достави барањето за распуштање на Собранието и за оставка на премиерот Зоран Заев, со цел да се распишат евентуалните предвремени парламентарни избори, а за тоа потребна е согласноста на владејачките партии СДСМ и ДУИ.

Опозицијата бара премеирот Заев да си поднесе оставка од функцијата премиер и во најкус можен рок да се состави техничка Влада со цел да се испочитуваат роковите. Како аргументи ги посочуваат штетите кои СДСМ ги направиле во однос на националните и државни интереси, како и политичките поделби во општеството.

Од СДСМ порачаа нема да ја подржи иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. Не откриваат каков е нивниот став во однос на преддвремените парламентарни избори. Конечната одлука ќе ја донесе до крајот на неделава највиското партиско тело. Пратеникот од редовите на СДСМ, а воедно и портпарол на партијата Костадин Костадинов, на денешната прес-конференција истакна дека иницијативата на Христијан Мицкоски за распуштање на Собранието е всушност иницијатива за распуштање на пратеничката група на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Според  собранискиот деловник, Претседтаелот на Собранието во рок од три дена откако ќе ја прими одлуката е должен да ја достави до пратениците. Потоа тече рок од 15 дена по кој има законска обврска иницијативата да ја стави на дневен ред на собрансика седница.