
Утринава, втор ден по ред, на линијата 57 Јавното сообраќајно претпријатие ги пушти во употреба старите црвени автобуси. Линијата сообраќа на прилично долга реалција од Нерези до Радишани, а граѓаните се пожалија и на лоша миризба за време на патувањето, како и дека премрзнале додека стигнале на работа.