Избришани снимките од бегството на Груевски низ Албанија

Образложението на албанските власти било дека имало многу снимен материјал на камерите на граничните премини и системот автоматски ги избришал.

Снимките кои ги бараше Јавното обвинителство од своите колеги во Албанија за да утврди како избегал поранешниот премиер Никола Груевски, се избришале.

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески денеска обелодени дека снимките кои барале, не им биле предадени.

Образложението на албанските власти било дека имало многу снимен материјал на камерите на граничните премини и системот автоматски ги избришал.