
Владата на Република Македонија во понеделникот ja објави листа на печатени медиуми за кои одвои финансиска поддршка, меѓу кои е и весникот „Заман Македонија“, кој е поврзан со терористичката организација ФЕТО, одговорна за неуспешниот обид за дражавен удар во Турција од јули 2016 година, пишува весникот Koha, цититрајќи реакција на турските власти.
Во реакцијата на официјална Анкара се вели дека „субвенционирањето на весникот на ФЕТО е скандалозно и неприфатливо”, пишува весникот Koha.
Под ФЕТО, турските власти ја означуваат мрежата на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД, кого го обвинува дека стои зад обидот за формирање „држава во држава“ во турската администрација и организирање на неуспешниот воен удар,
„Добро е познато дека Република Турција ја поддржува Република Македонија од нејзината независност во сите важни области. Поддршката и односот на Република Турција кон Република Македонија отсекогаш биле пријателски и добронамерни. Одлуката на македонската Влада за доделување финансиска поддршка на весникот на ФЕТО сметаме дека е скандалозна и неприфатлива. Очекуваме Владата на Македонија да ја преиспита својата одлука и да ги земе предвид повеќегодишните пријателски односи меѓу двете земји и двете нации“, реагира турската влада.