
Жителска на англиската грофовија Западен Јоркшир, Абигел Томпсон, по 12 години го нашла загубениот прстен, а сето тоа време тој се наоѓал во нејзиниот нос, пишува весникот The Sun.
Накитот бил подарок за нејзиниот осми роденден. Кога Абигејл го загубила, таа мислела дека го украл некој од гостите. Но по 12 години, девојката ненадејно га пронашла загубениот престен. Кивнувајќи таа го забележала прстенот во шамилето.
„Никогаш во својот живот не претпоставувв дека тој е заглавен во мојот нос. Не чувствував ништо“, вели. Појаснила дека никогаш немала никакви проблеми со дишењето.
Според пластичниот хирург Невин Кејвал, предметот бил заглавен во задниот дел од носот, каде што е намалена чувствителноста. Поради тоа и девојката не можела да го почувствува.
„Не сум изненаден. Иако ова е прилично необична сторија, кај децата во носто често се наоѓаат мониста и играчки. Честопати е невозможно да се почувствуваат“, вели лекарот.