
Од страна на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон-Скопје сме информирани дека нема опасност од зараза со МРСА, откако кај еден од вработените е најдена оваа бактерија, информираат од Министерството за здравство.
-Во установата се преземени сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Вработениот кај кој е потврдено присуство на бактеријата, е изолиран и не доаѓа на работа. Превентивно, извршена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории. Веќе се вршат превентивни прегледи и на останатите вработени во установата. Уште еднаш нагласуваме дека нема опасност од зараза и Стоматолошкиот клинички центар непречено и континуирано обезбедува здравствени услуги за пациентите, се наведува во соопштението на МЗ.