
Во емисијата Клик Плус на телевизија 21, вечерва ќе се соочат двајцата гласноговорници на СДСМ, Костадин Костадинов, и на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Дуелот е најавен за во 21:30 часот.
Од телевизијата објавија за кои теми ќе стане збор:
Судбината на СЈО, партиска пресметка или правна завршница? Каков е партискиот став на двете најголеми партии?
Претседателската трка пред финиш, но без конретни имиња, Кој и зошто толку тактизира?
Дали само поради исполнување на цензусот , ќе одиме на предвремени Парламентарни избори?
Секогаш со спротивставени ставови, реплика и контрареплика, и двајцата млади, и двајцата во политика.