Момче нападнато од повеќе лица во автобус во Скопје

Младо момче било нападнато од повеќе лица во автобус во Скопје. Како што информираат од МВР, вчера околу 20:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „11-ти Октомври“, во приватен автобус бр.22, 18-годишниот А.М. од село Волково, скопско, физички бил нападнат од повеќе лица.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.