17.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Се самоуби познат српски ракометар

Тој беше и дел од српската репрезентација на Европското првенство во 2016 година.

Познатиот српски ракометар и поранешен репрезентативец на Србија Новак Бошковиќ (29) извршил самоубиство во својот стан, дознава српски Информер.

Како што пишува порталот тој извршил самоубиство со пиштол кој легално го поседува и си пукал во главата.

Во тој момент во станот била и неговата сопруга, а мотивот се’ уште не е познат.

Бошковиќ играше на позицијата десен бек, а последната сезона го напуштил Израел каде имал доста успеси.

Тој беше и дел од српската репрезентација на Европското првенство во 2016 година.