Денеска завршни зборови на одбраната за 27 Април

Со завршни зборови на одбраната денеска во Криивчниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

На претходното рочиште свои завршни зборови изнесе обвинителката, Вилма Русковска, порачувајќи дека на судот не треба да влијае тоа што некој се соочува со 10 години затвор, а друг за истото е амнестиран и оти за судот треба само да влијаат фактите изнесени во судницата.