Мицкоски во Брисел на политичко собрание на Европската Народна Партија

Денес и утре претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел.

На маргините на собранието се очекува да оствари средби со европарламентарци и преставници на ЕУ кои се дел од Европската Народна Партија чиј што член е ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ќе разговара за состојбите во државата, загрижувачката состојба со газењето на правата и слободите, растечката корупција, како и поддршка на процесот за интеграции, и реформите кои треба да бидат спроведени.

Во делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ е и потпретседателот Александар Николоски и Секраторот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски.