
Американката Микаела Шифрин го освои златниот медал на трката во супервелеслалом возена попладнево во шведски Оре.
Шифрин патеката ја мина со време 1:04.89 минута или само две стоти делевои од секундата побрзо во однос на второпласиарната Софија Гоџа од Италија.
Место на победничкиот подиум обезбеди и Корин Сутер од Швајцарија која се закити со бронзениот медал. Таа беше побавна само пет стотинки од Шифрин и три од Гоџа.
Трката не ја завршија 16 од 45. скијачки, меѓу нив и трофејната Линдзи Вон која имаше спектакуларен пад, но за среќа мина без посериозни повреди и на скии се спушти на целта каде беше поздравена од публиката.
На Светското првенство во Оре, следна дисциплина на програмата е машкиот супер-џи предвиден за утре со почеток во 12:30 часот.