
Вчера околу 9.20 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на улица „Китка“ во близина на средното училиште „Браќа Миладиновци“ во населба Драчево, во тепачка меѓу ученици, А. Б (17) од село Вражале, со нож го прободел Р.Д. (18) од село Батинци.
Р. Д. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а на А. Б му била укажана помош во ЈЗУ Амбуланта Драчево.
А. Б. е приведен во полициска станица, а повикани се и пет други ученици кои учествувале во физичката пресметка.
По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.