Утре ќе се потпише Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО

На утрешниот состанок на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО ќе учествува и ќе се обрати и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Македонија и 29-те земји членки на НАТО, утре во Брисел треба да го потпишат Пристапниот протокол за членство на земјава во Алијансата. По ова треба парламентите на сите земји членки да го ратификуваат Пристапниот протокол, а во меѓувреме Македонија ќе присуствува на сите состаноци на НАТО како поканета земја.

На утрешниот состанок на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО ќе учествува и ќе се обрати и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

По потпишувањето на Пристапниот протокол во Брисел, во наредните денови истиот прво треба да го ратификува Парламентот на Грција по што стапува во сила и Договорот од Преспа. Освен Грција, ратификацијата на Протоколот ја одобрија и Бугарија, Германија и Велика Британија.