Туск ја одби Меј: Поборниците на брегзитот заслужуваат посебно место во пеколот

Европската унија нема да повторно да преговара за британското напуштање на блокот, порача претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во средата, и додаде дека оние кои го промовирање истапувањето на Велика Британија без договор за да го спроведат заслужуваат посебно место во пеколот.

Доналд Туск зборуваше ден во пресрет на пристигнувањето на британската премиерка Тереза Меј во Брисел, каде што сака да договори измени во веќе испреговараниот договор, имајќи предвод дека британските пратеници одбија да го потврдат и сосема е неизвесно како ќе заврши раздружувањето од Европската унија, иако до предвидениот рок 29-ти март остануваат само седум седмици.

Одбивајќи го уште предлогот на Меј повторно да се преговара за брегзитот, особено за спорниот „брекстоп“ на гранцата со Ирска, Туск повтори дека би сакал Лондон да се откаже да излегувањето, но и порача дека Европската унија е подготвена и за сцераниото на раздружување без договор. Туск, сепак, не верува дека откажувањето од излегувањето е можно сценарио, бидејќи за брегизитот се доследни и премиерката и челникот на британската опозиција.

„Се прашувам како би изгледало тоа место во пеколот во коешто ќе заминат оние кои го промовираа брегзитот без каква и да е идеја како сигурно да го спроведат“, рече Тусја на заедничката прес-конференција со ирскиот премиер Лео Вардкар.

Оваа негова забелешка, коајшто сигурно ќе ги разгневи заговорниците на брегзитот, објавена на неговиот профил на Twitter. Му одговори Најџел Фараж, европратеник и поранешен челник на евроскептичната партија UKIP која ја притискаше британската влада да распише референдум за брегзитот.

„По брегзитот ќе се ослободиме од неизбраните, арогантните насилници, каков што си ти – уште само тоа ми се чини како рајот“, одговори Фараж.

Ирскиот премиер Варадкар рече дека договорот за раздружување кој Меј го договори со Брисел е најдобриот можен. Британската политичка нестабилност е уште еден доказ дека бекстопот е потребен, рече Варадкар.