Рекордниот број сипаници во Европа делумно поради одбивањето вакцинирање

Европа минатата 2018 година имала рекорден број регистрирани случаи на мали сипаници, делумно и поради тоа што сѐ повеќе родители одбиваат да ги вакцинираат децата, објави во четвртокот Светската здравствена организација (СЗО – WTO).

Истовременo, и рекорден број деца примиле вакцини, што влева надежу дека ширењето на инфекциите нема да траат долго, велат од СТО.

„Напредокот не е воедначен, и внатре во и меѓу земјите, што довед до ткн џебови во кои поединци се незаштитени и во 2018-та резултираше со рекорден број заразувања со вирусот“, се наведува во соопштението.

Сипаниците се особено заразна болест којашто може да предизвика дури и губење на слухот и оштетување на мозокот кај децата, а во потешки случаи и смрт. За да се спречи ширењето на вирусот, вакцинирањето мора да биде 95 отсто, што е познато како „имунитет на стадото“.

Во многу земји во светот противниците на вакцинирањето ги повикуваат родителите да не ги вакцинираат децата, и покрај убедливите научни докази дека вакцините се сигурни и ефикасни, предупредуваат од СТО.

Во подрачјето на европскиот регион кој потпаѓа под СТО, каде што живеат 900 милиони луѓе, минатата година се заразиле 82.600 луѓе во 47 земји, најмногу во оваа деценија. Седумдесет и два случаи имале смртен исход.

За шест земји не дале никакви податоци. Во 34 земји, пак, покриеноста со вакцини била под 95 отсто, покажуваат податоците на СТО.