Вучиќ се огласи во врска со несреќата на новинарката

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е на дводневна посета во Пчинскиот округ поради кампањата „Иднината на Србија“, а за време на брифингот со новинарите се осврнал и на тешката несреќа која се случи денеска, а во која тешко е повредена водителката од „Пинк“, кога автобус ѝ откина рака.

Ѝ посакувам брзо закрепнување и сакам да ѝ кажам дека сме со неа. На Младен Мијатовиќ и нејзината мајка денеска им посакав да се држат и да издржат – рекол претседателот на Србија.