Во грчкиот парламент се гласа по протоколот за прием на Македонија во НАТО

Седницата почна со барањето на партиите Златна зора и Независни Грци да се зголеми мнозинството потребно за ратификување на документот од 151 на 180 пратеници или во спротивно, според нив, одлуката би била неуставна бидејки со неа се отстапувале суверените права на грчката држава.

Во грчкиот парламент почна гласањето за ратификација на протоколот за членство во НАТО. Сите 300 пратеници одделно треба да се произнесат и да гласаат со „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт-законот на Министерството за надворешни работи на Грција – „Ратификација на протоколот кон северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“.

Седницата почна со барањето на партиите Златна зора и Независни Грци да се зголеми мнозинството потребно за ратификување на документот од 151 на 180 пратеници или во спротивно, според нив, одлуката би била неуставна бидејки со неа се отстапувале суверените права на грчката држава.

Барањето беше одбиено, а пратениците од СИРИЗА потсетија дека вакви прашања не беа иницирани кога се ратификуваа протоколите за пристапување на Албанија и Бугарија во НАТО.