
Како што беше најавено, промената на името прво ќе почне на граничните премини.
Таблата на која е испишано Северна Македонија веќе е на граничниот премин „Богородица“, но се уште не е поставена. Тоа најверојатно ќе биде направено утре.
Официјална Атина очекува уште утре Скопје да почне со исполнување на обврските за промена на името, пред се имињата на институциите, како и користење на новото име за севкупна употреба.