
14-месечно бебе од тетовско почина пред неколку часа на скопските клиники, објави Курир. Детето починало на Детската клиника, а информацијата е потврдена од извори од Министерството за здравство.
Ова е третото дете жртва на морбилите.
Заразено од мали сипаници, почина бебе од Свети Николе, а животот го загуби и 6-месечно бебе исто така од компликации предизвикани од морбили.
Уште неколку деца се наоѓаат во критична состојба, а бројот на заразени од морбили, расте секој ден.