
Само во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 21 смртен случај од грип, со што од почетокот на сезоната досега починаа 39 лица, покажуваат податоците од грчкиот Центар за контрола и превенција од болести.
Последниот регистриран смртен случај е бебе, додека, пак, на интензивна нега биле примени 165 лица и девет деца. Според истите податоци, 1,7 милиони Грци се вакцинирале за заштита од грип.
Ситуацијата со грипот во Грција се следи од почетокот на октомври до крајот на мај, а податоците се објавуваат седмично.
Сите смртни случаи се предизвикани од вирусот од групата А, од подтиповите A(H1N1)pdm09 и A(H3N2). Сите починати, исто така, припаѓале на висико ризична клиничка група, за којашто се препорачува вакцинација против сезонскиот грип согласно циркуларното известување од грчкото министерство за здравство.