
Десет лица загинале во автобуската несреќа којашто се случи во средата попладнето на излезот од Скопје кон Тетово, кај селото Ласкарци по Карпалак.
Оваа бројка е според првичните неофицијални информации од екипите на терен, кои ги извлекуваа настраданите. Само во болницата „8-ми Септември“ досега се пренесени 35 повредени, објави Сител.
Претходно беше потврдено за четири жртви и тројца повредени во животно загрозувачка состојба