
За само два месеци, пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска успеа да си го вработи синот во ЕЛЕМ, братот во РЕК Битола и да го унапреди својот маж во командир на шумската полиција во Делчево. Илјо Стојчевски, сопругот на пратеничката, од јануари стана командир на шумската полиција, пренесува МКД.мк.
Неофицијално од Македонски шуми ја потврдуваат информацијата, но не даваат никаква официјална информација за причината на унапредувањето.