
Калчолигашот Лацио во следните три седмици ќе биде без својата прва ѕвезда Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Младиот офанзивец на „небеско сините“ на последниот дуел против Емполи се здоби со незгодна повреда на бутниот мускул, по во следниот период ќе биде надвор од терените.
Повредата на српскиот ас доаѓа во незгодно време за Лацио, бидејќи тимот за два дена им се враќа на обврските во Лигата на Европа, каде го чека првиот натпревар против Севиља.
Според првичните најави, Савиќ сигурно нема да игра на двата натпревари против Севиља, како и на домашните средби со Џенова и Милан, а многу веројатно во ростерот на Инзаги ќе биде за градското дерби со Рома.