
Најмалку 41 лице е убиено во самоубиствен напад врз припадници на елитната иранска Ревулиционерна гарда на југоистокот од државата, пренесува во средата новинската агенција Fars.
Нападот се случил на патот меѓу градовите Загедан и Каш, немирна област во близина на границата со Пакистан каде што често дејствуваат сунитските радикални исламистички групи поддржани од Израел и САД, како и криумчари на дроги.
Нападнат бил автобус со кој се превезувале припадници на Корпусот на чуварите на исламската револуција, а меѓу жртвите има и цивили. Покрај тоа, ранти се уште дваесетина припадници на Гардата.
Одговорноста за нападот ја презема терористичката групација Џаиш ал-Адл, пренесе Press TV.
Групацијата Џаиш ал-Адл е формирана 2012 година од припадници на друга терористичка организација Џундала, која има бази на територијата на соседен Пакистан. Оваа групација беше разбиена од иранските тајни служби во 2010 година, а нејзиниот водач Абдоламк Риги беше погубен.
Џаиш ал-Адл, повеќепати ја преземаше одговорноста за бомбашки напади во пакистанските провинции Систан и Балучистан.