
Индијана Пејсерс беа поразени на својот паркет со 97:106 од Милвоки Бакс, а во синоќешните натпревари во НБА лигата и Минесота Тимберволфс со 121:111 беа подобри од Хјустон Рокетс и покрај уште една блескава претстава на Џејмс Харден со 42 поени.
Бојан Богдановиќ беше најефикасниот играч во поразот Индијана со 20 кошеви, шест скокови и три асистенции. Јанис Антетокунмпо ги предводеше Милвоки со 33 поени, 19 скокови и 11 асистенции со својот петти „трипл-дабл“ во сезоната.
Во домашната победа на Минесота над Хјустон, Волфс ги предводеше Џеф Тиг со 27 коша и 12 асистенции, а Карл-Ентони Тоунс додаде 25 поени. На Рокетс не им помогнаа ниту 42 коша на Џејмс Харден со што стаса до 31 меч во кој постигнал повеќе од 30 поени. Со тоа се израмни со легендарниот Вилт Чембрлен на второто место според бројот натпревари со повеќе од 30 кошеви.
Лос Анџелес Клиперс победија со 134:107 и им го нанесоа 15-от последователен пораз на Феникс Санс. Лоу Вилијамс беше најдобар кај Клиперс со 30 коша, а кај Санс беше Кели Обри со 28 поени.
Највозбудливиот натпревар беше одигран во Кливленд каде што домашните Кавалирс и Бруклин Нетс одиграа три продолженија по кои славеа гостите со 148:139. Данџело Расел беше најдобар поединец кај Бруклин со 36 поени, а кај Кливленд предничеше Џордан Кларксон кој дуелот го заврши со 42 коша.
Њујорк Никс ја продолживаат катастрофалната сезона и синоќа го доживеаја 18-от последователен пораз. Во „Медисон Сквер Гарден“ беа поразени со 111:126 од Филаделфија 76ерс. Иако Нујорк успеа да надомести значаен дел од 26-те поени заостанување во третата четвртина, тоа не беше доволно да се избегне новото разочарување. Џоел Ембид со 26 коша и 14 скокови беше најдобар кај победниците.
РЕЗУЛТАТИ:
Далас Маверикс – Мајами Хит 101:112
Кливленд Кавалиерс – Бруклин Нетс 139:148
Индијана Пејсерс – Милвоки Бакс 97:106
Бостон Селтикс – Детроит Пистонс 118:110
Њујорк Никс – Филаделфија 76ерс 111:126
Торонто Рапторс – Вашингтон Визардс 129:120
Чикаго Булс – Мемфис Гризлис 122:110
Минесота Тимберволфс – Хјустон Рокетс 121:111
Денвер Нагетс – Сакраменто Кингс 120:118
Портланд Трајл Блејзерс – Голден Стејт Вориорс 129:107
Ла Клиперс – Феникс Санс 134:107
ТАБЕЛИ:
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Торонто 43 16
2. Бостон 37 21
3. Филаделфија 37 21
4. Бруклин 30 29
5. Њујорк 10 47
ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки 43 14
2. Индијана 38 20
3. Детроит 26 30
4. Чикаго 14 44
5. Кливленд 12 46
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Шарлот 27 29
2. Мајами 26 30
3. Орландо 26 32
4. Вашингтон 24 34
5. Атланта 19 38
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Денвер 39 18
2. Оклахома Сити 37 19
3. Портланд 34 23
4. Јута 32 25
5. Минесота 27 30
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Голден Стејт 41 16
2. ЛА Клиперс 32 27
3. Сакраменто 30 27
4. ЛА Лејкерс 28 29
5. Феникс 11 48
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Хјустон 33 24
2. Сан Антонио 33 26
3. Далас 26 31
4. Њу Орлеанс 25 33
5. Мемфис 23 36