МАН: Сочувство до семејствата на починатите патници од автобусот

Македонската асоцијација на новинари (МАН) изразува сочувство до семејствата на трагично починатите патници од автобусот, искрени желби за брзо опоравување на повредените.

– Нема утеха за загубен живот и доволно молитви за здравје на повредените. Нашите членови со известувањата од терен и од студио за оваа трагедија дадоа натчовечки напори да се помогне на секој и во секоја ситуација. Благодариме на жителите на Ласкарци за присебноста во помагањето и на нашите новинари да ги пренесат вистинските информации за оваа трагедија. Македонската асоцијација на новинари изразува пофалби за сите новинари, сниматели, фоторепортери, медиумски работници и медиуми членови на МАН за професионалното известување со почитување на сите етички и професионални стандарди за време и по несреќата со патничкиот автобус во кој трагично ги загубија животите 14 лица, а десетици се повредени. Сите новинари членови на МАН беа на ниво на задачата според професионалноста, навременоста и етиката и покажаа дека работат во рамките на европските стандарди, додека други треба допрва да го постигнат тоа ниво, се наведува во соопштението на МАН.