Рома нуди 50 милиони евра за нов напаѓач кој ќе го замени Џеко

Раководството на Рома ќе се обиде да привлече нов напаѓач во летниот трансфер период. Целта на Римјаните е Андреа Белоти од Торино, јавува Corriere dello Sport.

Според информациите, Рома планира да понуди 50 милиони евра за 25-годишниот напаѓач.

Во договорот на Белоти со Торино има клаузула за ослободување од 100 милиони евра, но важи само за тимови надвор од Италија.

Андреа Белоти не е во неговата најдобра форма оваа сезона и има постигнато само 7 голови.

Белоти е именуван како потенцијална замена за Един Џеко, кој наполни 33 години во март.

Договорот на босанскиот фудбалер со „римската волчица” истекува летото 2020 година.