Сончев ден со температаура до 14 степени

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од шест до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура до нула, а дневната температура ќе достигне до 13 степени.

Следува период на претежно сончево и потопло време со пораст на дневната температура.