Тешка сообраќајка на автопатот Куманово – Скопје, скопјанец тешко повреден

Вчера во 04.40 часот на автопатот Куманово – Скопје, Д.В.(37) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во дрвја и столб.

Со тешки телесни повреди се здобил Д.В. кој е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.