
Во тешка сообраќајна несреќа утрово во Германија, загина познатиот српски пејач Шабан Шаулиќ.
Според неофицијални информации, Шабан Шаулиќ бил во автомобилот со неговиот кум и возачот, а несреќата се случила во околината на Билефелд, каде што претходната ноќ одржал настап.
Шабан Шаулиќ после несреќата итно е префрлен во болница, но за жал им подлегнал на повредите.
Шабан Шаулиќ е роден на 6 септември 1951 во Шабац.