
Планинската област Џабал ал-Лауз на северот од Саудиска Арабија падна снега, а локалното население веќе имаат поставено пунктови за изнајмување санки и импровизирани скии.
На фоторгафиите објавени на социјалните мрежи може да се види како бедуините традиционалните долги кушули (галабии), завиткани во шамиите (куфии), како се спуштаат по падините со импровизирани „санки“ и се натпреваруваат. На снимките, исто така, се гледа и како децата создаваат различни фигури и се играат во снегот.
Слична ситуација во областа Џабел ал-Лауз, која се наоѓа во провинцијата Табук на надморска височина од 2.500 метри се повторува втора година.
„Не е исклучено во иднина да станеме зимско одморалиште“, коментира на Twittwr локалниот жител Мухамед ал-Мустафа.
Северната провинција Табук е дел од глобалниот проект за градот на иднината Неом, кој покрај другото има предвидено развивање туристичка инфраструктура.
Саудиска Арабија досега не беше пристапна за туристите, со исклучок на аџилакот на муслиманските верници во светилиштата во Мека и Медина (хаџ и умра). Со усвојувањето на планот за реформи „Возија-2030“, властите покрај издавањето туристички визи надвор од аџилакот, планираат и создавање имиџ за привлекување туристи од целиот свет, со обезбедување услови за различни моќности за одмор.