
Со надпартиски кандидат ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освен своето стандардно гласачко тело, на својата страна ќе добие и многу голем број на граѓани кои се разочарани од владејачкото мнозинство и кои што во минатото можеби биле разочарани и од ВМРО-ДПМНЕ, но увидоа дека единствена опција за напредна и стабилна Македонија е токму ВМРО-ДПМНЕ , вели Владимир Неловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Неловски додаде дека во првиот круг на претседателски избори нема цензус кој ќе треба да се исполни, за разлика од вториот круг каде што е потребно да излезат 40 проценти од граѓаните запишани во избирачкиот список со право на глас, истакнувајќи дека доколку се бојкотираат избори и не се исполни овој цензус, автоматски претседател ќе стане претседателот на Собранието Талат Џафери.
На 12 мај завршува мандатот на досегашниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов, и автоматски доколку не се исполни цензусот, ќе стане за мене нелегитимно избраниот Талат Џафери, објасни тој. Според него бојкотот на претседателските избори им оди во полза на Зоран Заев и како што рече тој ова хунта која моментално владее во Република Македонија