
Иако беше подготвен на сѐ да остане во Барселона за подолг период, Иван Ракитиќ изгледа веќе се помири со фактот дека тоа нема да се случи. Со оглед на тоа што ќе биде на продажба во текот на летниот трансфер период, тој веќе ги информираше неговите агенти во кој тим би сакал да игра.
Според италијанските медиуми, хрватските менаџери веќе започнале првични разговори со раководството на Интер. Оттаму сакаа да го купат летото, како и сега во јануари, но се чини дека тоа конечно ќе се случи во јули.
Ракитиќ, кој следниот месец полни 31 година, е на „Камп Ноу” од 2014 година и е обврзан со каталонците до 30 јуни 2021 година. Тој се надеваше дека ќе добие предлог за нов договор по добрата игра на Светското првенство, но тоа не се случи.
Хрватот се надеваше и на подобри финансиски услови за евентуалниот нов договор со Барса, но по привлекувањето на младиот Де Јонг на неговата позиција, конечно разбра дека ќе остане во сенка, па затоа зачекорува кон „Сан Сиро” .