
Љубителите на пиво ќе ги развесели веста дека шише од овој пијалак пронајдени во бродски остатоци стари 133 години може да содржи квасец кој може да се искористи за изработка на нов вид пиво, пишуваат американските медиуми.
Студентите на биотехнологија од државниот Универзитет Њујорк во Коблескил во четвртокот го отворија шишето најденово ов остатоците од бродот „Oregon“ утврдувајќи дека негвите состојки се употребливи.
Компанијата „Serious Brewing“ од Хоус Кејв планида ра развие рецептура за нов вид пиво, доколку студентите од некои успешно го екстрахираат квасецот. Шишето со пиво од сопственикот на предметите пронајдени на споменатиот брод го купил Бил Фелтер од „Serious Brewing“.
Бродот патувал од англиски Ливерпул кон Њујорк со 852 лица, кога на 14-ти март 1886 година се судрил со шкуна (вид едреник со два или повеќе јарболи – з.р.) во близина на островот Фајр кај Њујорк и потонал. Сите освен еден патник ја преживеале хаваријата.
На идејата за производство нов вид пиво во „Serious Brewing“ дошле откако минатата година една австралиска пиварница произведе иов од квасец откриен зво шише најдено во 220 години стари остатоци од брод.