97 години СКМ: „Алкалоид“ награден за најголеми реализирани инвестиции

Стопанската комора на Македонија (СКМ) одбележа 97 години од постоењето.
Во рамки на обележувањето беа доделени и награди на најуспешните бизнисмени и
компании.

Алкалоид АД – Скопје доби награда за компанија за најголеми реализирани инвестиции во земјата, а Џонсон Мети ДООЕЛ – Скопје, награда за компанија најголем нето извозник.

Награда за долгогодишна коморска активност доби Хари Костов, главен извршен
директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка АД – Скопје, а
награди за успешни сопственици добија Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на Макпетрол АД – Скопје и Мите Шапковски, основач и сопственик на Металопромет ДООЕЛ – Струмица.

Компанијата Сеавус ДООЕЛ – Скопје пак доби награда за успешна компанија.