
Рускиот Парламент денеска го изгласа законскиот амандман со кој на војниците , поради опасност од шпионажа , им се забранува користење на паметни телефони.
На руските војници и на сите воени службеници им се забранува на социјалните мрежи да објавуваат што било поврзано со нивните задачи или работата.
Во објаснувањето на одлуката се наведува дека воениот персонал е од посебен интерес на специјалните служби на странските влади , терористичките и другите екстремистички организации.
Со овој закон особено се забрануваат електронски уреди во кои може да се чуваат и архивираат фотографии и видеа , кои се достапни на интернет и со кои може да се одреди геолокација.