
Состојбата со загаденоста на воздухот во Република Македонија и понатаму останува катастрофална.
Струмица вчеравечер беше убедливо најзагаден град, а струмичани се гушеа во смог.
Мерните станици за квалитет на воздухот, покажуваа ниво на загаденост дури 8 пати над дозволеното.
ПМ 10 честички беа 417 мг/м3, а максимално дозволената граница е 50 мг/м3.
Алармантна беше состојбата и во другите градови на Македонија. Екстремно загадување на воздухот е измерено и во Кавадарци каде беа измери 335 микрограми на метар кубен, Куманово 270, Битола 225, додека пак во скопските општини Карпош и Центар беа измерени 201 и 192 микрограми на метар кубен.
Граѓаните се повеќе се загрижени за неодговорноста на локалната власт и на владата на СДСМ во однос на загадувањето.
Додека лагите и бесцелните ветувања на СДСМ, испливуваат на површина, граѓаните се повеќе ги чувствуваат последиците од загадениот воздух, а болниците и понатаму се преполнат од пациенти со респираторни заболувања.