ОВЕН
Работa: Доколку сте планирале патување, можете да очекувате дека ќе биде одложено.
Љубов: Доаѓа време во кое ќе имате прилика да ги „испеглате“ проблемите со саканата личност.
Здравје: Можни проблеми со белите дробови, избегнувајте цигари.
БИК
Работа: Долго очекуваната соработка, конечно ви доаѓа. Пред вас е период во кој ќе имате успех на работното поле.
Љубов: Денеска сте повеќе посветени на семејството, љубовта не ви е приоритет.
Здравје: Размислувате да почнете диета.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Не сте задоволни со ситуацијата на работното поле и пробувате да најдете некое решение за промена на работното мессто.
Љубов: Потребно ви е време да сфатите што сакате од партнерот со кој сте во врска.
Здравје: Проблеми со очите.
РАК
Работа: Чувствувате како да можете да остварите повеќе од она што другите очекуваат од вас. Подтотвени сте во следниот период да ги покажете своите способности.
Љубов: Можно е да немате искрен и пријателски однос со партнерот.
Здравје: Несоница.
ЛАВ
Работа: Секогаш можете да се потпрете на своите искрени колеги кои до сега не ве изневериле.
Љубов: Многу сте шармантни и многу лесно може да освоите личност од спротивниот пол која ви се допаѓа. Полни сте со самодоврба.
Здравје: Чувствителен нервен систем.
ДЕВИЦА
Работа: Можете да очекувате позитивен исход на ситуацијата на ова поле. Можно е да сте биле загрижени, но тоа било без причина.
Љубов: Сакате да уживате крај саканата личност. Убаво ви е кога сте заедно и размислувате во брак.
Здравје: Проблеми со кичмата.
ВАГА
Работа: Генерално сте задоволни со својата работа и околностите во кои се наоѓате. Не сакате промени во ова поле.
Љубов: Денешниот ден го минувате со полно љубов и во пријатна атмосфера.
Здравје: Можни се проблеми со коските.
ШКОРПИЈА
Работа: Очекувајте некои работни проблеми да се решат многу лесно во следните денови.
Љубов: Денеска посветете се на фамилијата. Сакате да и ги покажете на саканата личност своите искрени чувства.
Здравје: Пад на имунитетот.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Не сте претерано посветени на работата и подготвени сте малку да се опуштите и да уживате во празничната атмосфера.
Љубов: Многу поволен ден за емоции. Можете да се надевате на позитивни поместувања во врската со партнерот.
Здравје: Полни сте со позитивна енергија.
ЈАРЕЦ
Работа: Ве очекува период во кој морате да вложите многу енергија за да бидете задоволни од резултатите.
Љубов: Поволен ден а емоции. Ве очекуваат убави случувања.
Здравје: Болки во стомакот.
ВОДОЛИЈА
Работа: Доаѓате до нови информации за можностите на работа. Наскоро ќе ви се отвори можност за унапредување.
Љубов: Ви се допаѓа една личност која ќе се покаже сосема поинаква и поразлична од другите.
Здравје: Настинка.
РИБИ
Работа: Олеснување на полето финансии наскоро ве очекува, а со самото тоа ќе се чувствувате многу подобро.
Љубов: Приоритет ви е со саканата личност да направите план за иднина. Сакате некои работи да се дефинираат.
Здравје: Поработете на своите навики.