
Марина Корженевскаја (27), танчерка од Русија, изведе танц околу шипка на врвот на облакодер во градот Воронеж, без никакви безбедносни мерки!
Танчерката, без никаква заштита, играше како да е на земја, а потоа видеото од танцот го објави на Инстаграм. За само три дена нејзиното видео беше прегледано од дури 23.000 корисници.