
Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК.
На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои според СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.