10.8 C
Skopje
петок, февруари 28, 2025

Муслиу: Со поднесување оставка и 11 дисциплински за претепувањето на Јанакиески и Ристоски не завршува процесот, со таков однос не одиме кон ЕУ

За претепувањетона поранешните министери Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во притворот во затворот во скопско Шуто Оризари, некој треба да биде одговорен, а со поднесување оставка на директорот на затворот и едиенсетте дицсиплински постапки против полициски службеници не се оди во Европската унија, предупреди политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

И треба од овие работи да се извлечат поуки, значи вие можете да имате некој проблем и вие да не извлечете поука затоа што пак ќе ви се случи. Не е прв пат тоа кај нас да се случува. И ако не извлечете поука вие значи не можете да го градите системот и институциите, појасни Муслиу.

Истакна дека освен политичка одговорност, дека е поднесена оставка и дека 11 дисциплински има тоа не го завршува процесот. Таму треба да се смени начинот на менаџирање на тие институции, затоа што ние не можеме да бидеме членка на ЕУ или да тежнееме да бидеме членка на ЕУ, а нивните затвори да бидат подобри од некои наши болници.

За мене фактот дека поднел оставка е поднесување на политичка одговорност за процесот, дали он ќе има дисциплинска постапка, дали ќе има друг вид на одговорност тоа треба допрва да се види, потенцираше Муслиу.