(ВИДЕО) Амди Бајрам нема да се кандидира за шеф на државата

Пратеникот Амди Бајрам вечерва изјави дека се повлекува од претседателската трка и ќе го поддржи кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

Од вечерва се откажувам од претседателската трка и се придружувам кон заедничката кандидатура. Успеав да соберам преку 10.000 потписи, туку денеска седнавме со премиерот, ради кандидатот се придружувам да не бидам посебен, туку сите заеднички и да биде претседател на сите граѓани, изјави Бајрам.