Мицкоски: Пендаровски е лик на заевизмот, традиционална матрица која ја пустошеше Македонија

Кандидатот на владејачките партии на претстојните пролетни претседателски избори Стево Пендаровски претставува лик од ткн „заевизам“, а тоа е традиционалната матрица која ја пустошеше Македонија, изјави во саботата челникот на опоициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Па не така одамна кажавме во Македонија мора да се порази заевизмот, кажувам, заборавам, негирам. Се додека постои заевизмот во Република Македонија оваа држава не може да иде напред, односно ќе се движи во погрешна насока. Јас сум убеден во граѓаните на Република Македонија, тоа се храбри, честити луѓе коишто на 21 април ќе му го зададат првиот посериозен удар на заевизмот во Република Македонија, а потоа веќе на следните предвремени парламентарни избори и конечниот удар ќе му биде зададен на заевизмот.         Пендаровски претставува лик на заевизмот, не очекувавме нешто поразлично да се случи, тоа е таа традиционална матрица која ја пустошеше Република Македонија изминативе 27-28 години, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во саботата во текот на посета на Охрид на тамошниот градски пазар разговараше со пазарџиите.

Ја видовте реалната слика денеска на пазарот овде, полупразни тезги, полупразен пазар, бидејќи сега нема купувачи, луѓето се жалат, пазарџиите се жалат разочарани од односот на оваа криминална непотистичка и насилничка влада предводена од деспотот Заев. Прометот им е паднат. Практично сето она коешто ние изминативе речиси две години откако владата на СДСМ и Заев е на власт, ние апелираме не само што не дојде живот туку навистина пекол донесоа. Реалноста можете и вие да ја видите денеска на пазарот овдека во Охрид, порача Мицкоски по средбата.