Дваесет и осумгодишен маж од соседна Албанија, кој работел како овчар, е најден мртов во петокот попладнето крај селото Лабуништа, а причина за смртта според првичните сознанија е пад од карпа.
Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека во петокот околу 17,40 часот во Полициската станица за граничен надзор Лабуништа од страна на граѓанин од селото Лабуништа пријавено е дека има починато лице во место викано Краста во атарот на селото.
По овластување на јавен обвинител, извршен е увид и констатирано е дека се работи за 28-годишниот С.Ф од Клење, Република Албанија, кој работел како овчар, а кој, според првичните сознанија, паднал од карпест дел од височина од триесетина метри.
Од страна на лекар констатирана е смрт, а јавен обвинител издал наредба за обдукција.