
Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова денеска беше во Градскиот парк во Скопје.
„Најдрага “Мартинка” во животот.
Случајна средба во градскиот парк со активисти на проектот ПХВ (Промоција на хумани вредности) на Македонскиот Црвен Крст.
Да им помогнеме сите на децата со посебни потреби за кои собираат поддршка ПХВ активистите“-напиша таа на социјалните мрежи.
Членовите на Изршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска заедно со членови на партијата остварија средба со граѓаните во повеќе општини.
Тие се сретнаа со граѓаните во населените места Горни Подлог, Долни Подлог и Грдовци во кочанско.
Граѓаните посочија дека секојдневно се соочуваат со проблеми, и животот е потежок од ден на ден. Особено голем проблем изминатата година им преставувал откупот на оризот, поради што истакнаа дека се крајно разочарани од земјоделските политики на оваа власт.
Освен во кочанско, членовите на ВМРО-ДПМНЕ ги посетија и населените места Бач и Гермијан во општина Новаци. Граѓаните посочија дека политичката и економската криза во државата има влијание врз секојдневниот живот.
Освен земјоделието жителите на овие населени места го посочија и отселувањето на младите ккао еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат, поради бесперспективноста и огромната разочараност.
Претставници на партијата беа и во општините Гази Баба и Зелениково.
Граѓаните на овие две општини посочија дека последната година не е направено ништо за нивните општини. Разочарани се од големите ветувања на власта во периодот пред изборите кои сега се претвориле во огромни разочарувања.
Никакви инфраструктурни проекти не се реалзираат во населените места на овие две општини.
Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ги нотираа забелешките на граѓаните и истакнаа дека токму заедно со нив ќе ја поразат оваа власт на престојните претседателски избори и со тоа ќе отпочне рушењето на власта на Заев и СДСМ на централно ниво.
Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека ваквите средби ќе помогнат заедно со народот да креираат сеопфатна програма која во иднина ќе биде понудена како решение за
барањата и проблемите на граѓаните.