Без вода повеќе населби во општина „Ѓорче Петров“

Без вода од 8 часот утрово се корисниците од населбите „Даме Груев“, Волково, Ново Село и Стопански Двор.

Како што соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот е поради уличен дефект Ф-400 мм. на улица „Лука Геров“, а ќе трае се до завршување на дефектот.