
Независниот кандидат, проф. д-р Блерим Река, сега и официјално е кандидат на претстојните претседателски избори.
За помалку од 15 часа, г-дин Река го поддржаа илјадници граѓани, кои со преку 11.000 потписи, ја потврдија силната поддршка за неговата кандидатура, соопштуваат од неговиот изборен штаб.
Им се заблагодаруваме на структурите на политичките партии, на Алијансата за Албанците и на движењето Беса за придонесот и поддршката дадена во процесот на собирање на потписи, се додава во соопштението.