
Денеска во Скопје, пред Собранието, по трет пат на мирен протест излезе мајката на исчезнатото момче Пино, Маја Трпковска. Покрај неа беше и таткото на Арбен, Бекир Аслан, кој трага по својот син повеќе од еден месец.
Маја вели дека веќе три месеци живее во агонија, откако нејзиниот 26-годишен син излегол од дома со автомобилот и му се изгуби секаква трага. Таа веќе во два наврати излезе на протест и бараше одговори од надлежните околу тоа како и според кои стандарди и правила се водат истрагите за исчезнатите лица од земјава.
Инаку Пино исчезна на 10 декември а последен пат бил виден во скопската населба Ѓорче Петров околу 22 часот. Излезен бил со бел автомобил марка „Шкода“ со регистерски таблички SK1566AP.