
По спроведени контролни брисеви на вработените не постои простор за паника во врска со откриените случаи на инфекција со бактеријата МРСА во основното училиште во Бутел и во градинката во Чаир, соопшти денеска на прес-конференција, владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.
Апсолутно не постои простор за паника. Станува збор за бактерија од од групата стафилококни бактерии. Според направенитите анализи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од резултатите од Центарот за јавно здравје, овој вид бактерија се лекува со редовни лекарста и со обична антибактериска маст. Истовремено од ДСЗИ се преземни сите неопходни мерки и во училиштето и во градинката, спроведена е дезинфекција, механичко чистење. Нема
потреба за затворање ниту на училиштето, ниту на градинката, посочи Бошњаковски.
Тој потсети дека во училиштето во Бутел, случај на МРСА е регистриран на 22 февруари, додека во градинката во Чаир оваа бактерија е утврдена кај три деца на возраст меѓу пет и шест години.